ЈАВЕН ОГЛАС

Врз основа на Одлука на У.О. на ЈП “Исар” Штип под бр.02-346/2 од 22.04.2019 год. и Решение на Директорот на ЈП “Исар”Штип под бр.04-367 од 06.05.2019 год.,Комисијата за спроведување на постапката за земање под закуп на деловен простор објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС- покана за доставување на понуди

1.Се бара за земање под закуп , деловен објект за наплатен центар во централното градско подрачје во Општина Штип .

2.Критеритум за избор на најповолна понуда и склучување на Договор за закуп е :

– местоположбата која треба да биде во строгиот централен дел на Општина Штип
-најниско понудена  по м²  закупнина за деловниот простор
– висината на закупнината да не се менува минимум 2 ( две ) год.

3.Минимум критериум за да понудите се земат во разгледување :

– површината на деловниот објект да биде од 10- 20 м²
– деловниот објект да биде со сопствен санитарен чвор

4.Во прилог на понудата да се достави :
– доказ за сопственост на деловниот објект

5.Рок и начин на доставување на понудите :

– понудата треба да се достави во рок од 3 ( три ) дена од денот на објавување во двата дневни печати во архива на ЈП Исар Штип или по пошта на адреса : Генерал Михајло Апостолски бр.37 Штип

  1. Право на учество имаат сите правни и физички лица.

7.Отварање на понудите ќе биде спроведено до страна на Комисијата за спроведување на постапката за земање под закуп на деловен објект

 

ЈП “Исар” Штип
Комисија за спроведување на постапка за
земање под закуп на деловен објект
Претседател