Дефект поради зголемена потрошувачка на вода

Градот Штип со чиста вода за пиење се водоснабдува од цевковод АЦЦ Ф350мм од Препумпна станица Баби до резервоар Каракуш, АЦЦ Ф400мм од Препумпна станица Баби до Три Чешми и дел од централното градско подрачје и Магистрална линија 1 која ја поврзува пречистителната станица со резервоарите Шардаван баши и Каракуш.

АЦЦ се поставени во седумдесетите години и досега воопшто не се реконструирани. Енормно зголемената потрошувачка на вода во изминатиов период предизвика високо оптеретување на овие линии и на ден 11.07.2021г. (Недела) се случи дефект на двата цевководи истовремено со што поголем дел од градот и тоа населбите Баби, Караорман, 8ми ноември, Пребег, Железничка, Три Чешми, Исар, Ново село  и дел од централното градско подрачје остана без вода до санирање на дефектот.

Екипите на ЈП Исар работеа непрекинато од 23часот во Недела до  15 часот Понеделник кога и беа санирани двата дефекти и водоснабдувањето на градот започна постепено да се нормализира. Имајќи ја во предвид конфигурацијата на градот водоснабдувањето во повисоките делови на градот  се нормализираше во вечерните часови.

Како резултат на застарената застарената водоводна мрежа овој прекин предизвика и повеќе помали дефекти на секундарната мрежа. При санирањето на овие дефекти се случуваат краткотрајни прекини на водоснабдувањето на поедини улици во градот.

Од голема важност за Општина Штип е реализацијата на проектот за изградба на Линија 2 со средства обезбедени од ТАВ. Со изградбата на оваа линија ќе се овозможи растеретување на постојните линии и дирекно водоснабдување на населбите Пребег, Железничка, Три Чешми и Ново Село со што при вакви хаварии ќе се обезбеди алтернативно водоснабдување на градот.