Јавното комунално претпријатие „ ИСАР“ Штип е основано со акт за основање од страна на советот на Општина Штип бр . 08-166/1 од 06,03,1997 година како Јавно претпријатие за комунално – производни и услужни работи ,,Исар,, Штип, а е запишана во Основен суд Штип со регистарска влошка 2-195-0 на 11.03.1997 година.

Комисијата за изготвување на акти формирана од Управен одбор го утврди прочистениот текст од Статутот на Јавното претпријатие за комунално производни и услужни дејности ,, Исар,, Штип со број 01-358/3 од 16.03.2010 година.

ЈП “Исар” Штип има својство на правно лице со своја жиро сметка што се води при деловните банки, а за извршените  и преземените обврски во правниот промет одговара со сиот свој имот.

Со работата на претпријатието раководи Директорот на претпријатието, што го избира, односно разрешува Градоначалникот на Општина Штип, а изборот се врши врз основа на јавен конкурс со мандат од 4 години.

Во работата на Директорот му помага Помошник директор.

Други органи на управување сe Управниот одбор и Надзорниот одбор за контрола на материјално финансиско работење чии членови се надворешни и се назначени од страна на Советот на Општина Штип. Управниот одбор го сочинуваат 9 (девет) членови, а Надзорниот одбор 5(пет) членови.

ЈП “Исар” – Штип ги врши следнитеосновни дејности:

  • Собирање обработка и снабдување со вода за пиење
  • Отстранување на отпадни води,
  • Собирање, транспорт и депонирање на комунален отпад
  • Собирање на безопасен отпад
  • Обработка и одстранување на безопасен отпад
  • Одржување на јавна комунална хигиена
  • Одржување и управување со градски гробишта и пазар.
home_interactive_counter_1
5673930

м3 вода / Годишно (2020)


home_interactive_counter_2
14875

Домаќинства

home_interactive_counter_1
1169

Правни лица


home_interactive_counter_1
43

Институции


НАПЛАТНИ ЦЕНТРИ