
Врз основа на чл.45 од Законот за административни службеници ( Сл.весник на република Македонија бр. 27/2014, 199/2014, 48/2015, 5/2016, 142/2016, 11/2018) и ( Службен весник на Република Северна Македонија бр.275/2019, 14/2020, 215/2021, 99/2022, 208/2024 и 210/2024), член 28 од Статутот на ЈП “Исар” Штип, а во врска со објавениот Јавен оглас бр.669/2025, ВД Директорот на ЈП “Исар” Штип ја донесе следната :
ОДЛУКА
за избор на кандидати за вработување на административни службеници
по објавен Јавен оглас бр.669/2025
– Ружа Петрушева со идентификациски код 66886CE со вкупно освоени бодови 83.64
-Лилјана Саракинова со идентификациски код В3F0EBC со вкупно освоени бодови 80.76
-Стојан Коцев со идентификациски код E176EEF со вкупно освоени бодови 72.63
– Златков Игор со идентификациски код 6278D7F со вкупно освоени бодови 65.12
Образложение
Врз основа на Барање број 04-854/3 од 25.06.2025 год. од страна на ЈП “Исар” Штип за објавување на Јавен оглас во дневните весници Нова Македонија, Коха и Вечер , како и на интернет страницата на Агенцијата за администрација на Република Северна Македонија, објавен е Јавен оглас број 669/2025 за вработување на административни службеници во ЈП”Исар” Штип.
Со решение број 10-1608 /3 од 11.07.2025 год.,Решение за изменување и дополнување на решението за комисија за селекција за вработување по јавен иглас бр.10-1608/5 од 23.07.2025 год.,Решение за изменување и дополнување на решението за комисија за селекција за вработување по јавен оглас бр.10-1608/6 од 04.08.2025 год., Директорот на Агенцијата за администрација на Република Северна Македонија, формира Комисија за селекција за вработување по Јавен оглас бр.669/2025 .
На ден 23.07.2025 год. во просториите на Агенцијата за администрација е извршена административан селекција за административен службеник за што донесе Записник од извршена административна селекција за административен службеник бр.10-1608/4 од 23.07.2025 год.
По спроведената административна селекција на ден 04.08.2025 год. се спроведе испит за административен службеник и се донесе Записник од спроведен испит за административен службеник бр.10-1608/7 од 04.08.2025 год.
На ден 06.08.2025 год. спроведена е проверка на веродостојност на докази и интервју за административен службеник констатирано во Записник од спроведена проверка на веродостојност на докази и интервју за административен службеник бр.10-1608/8 од 06.08.2025 год.
Врз основа на доставениот предлог за вработување на кандидатите по Јавен оглас бр.669/2025 бр.10-1608/9 од 07.08.2025 год. и Конечната ранг листа на кандидати од сите фази на селекција, ВД Директорот изврши избор на кандидатите како во диспозитивот на Одлуката.
ПРАВНА ПОУКА: Против оваа одлука незадоволниот кандидат има право во рок од 8 (осум) дена да поднесе Жалба до Агенцијата за администрација од денот на објавувањето на одлуката на веб страната и огласната табла на Агенцијата за администарција.
Доставено до : ЈП “Исар” Штип
-избраните кандидати ВД Директор
-Агенција за Администрација Александар Арсовски
-архива
-Одделение за човечки ресурси _____________