Врз основа на член 4, 24, 25, 26, 27, 28, 29 и член 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр. 78/15, 106/15, 153/15,190/16, 21/18,101/19 и 275/19) Одлука на Совет на Општина Штип за давање на согласност бр.08-4014/1 од 27.6.2024 година на Одлука за продажба на недвижна ствар бр.02-879/2 од 19.6.2024 година донесена од Управен одбор на ЈП „Исар“-Штип, Комисијата за располагање со недвижни и движни ствари сопственост на Општина Штип ја врши следната
ЈАВНА ОБЈАВА бр.02/2024
за продажба на недвижен имот во сопственост на ЈП „Исар” – Штип
со ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
(ПРВА ОБЈАВА)
Бр.09-4566/1
24.7.2024 година
ПРЕДМЕТ НА ЈАВНОТО ЕЛЕКТРОНСКО НАДДАВАЊЕ
Предмет на електронско јавно наддавање е продажба на недвижна ствар –
1.Број на КП 5205 КО Штип 3, дел 0, адреса ул.Сутјеска, намена на зграда – ЗГРАДИ ВО ОСТАНАТО СТОПАНСТВО, влез 1, кат.ПР, (внатрешна површина 87м²) во сопственост на ЈП „Исар” – Штип, заведена во Имотен лист 71290 за КО Штип 3 и
2.Број на КП 5205 КО Штип 3, дел 0, адреса ул.Сутјеска, намена на зграда – ЗГРАДИ ВО ОСТАНАТО СТОПАНСТВО, влез 1, кат.ПР, (внатрешна површина 43м²) во сопственост на ЈП „Исар” – Штип, заведена во Имотен лист 71290 за КО Штип 3,
Се отуѓува согласно Одлука на Совет на Општина Штип за давање на согласност бр.08-4014/1 од 27.6.2024 година на Одлука за продажба на недвижна ствар бр.02-879/2 од 19.6.2024 година донесена од Управен одбор на ЈП „Исар“-Штип.
Земјиштето под објектот не е предмет на продажба.
ПОДАТОЦИ ЗА НЕДВИЖНАТА СТВАР
Предмет на продажба е недвижна ствар-објект кој се наоѓа на:
– КП 5205 КО Штип 3, дел 0, адреса ул.Сутјеска, намена на зграда – ЗГРАДИ ВО ОСТАНАТО СТОПАНСТВО влез 1, кат.ПР, (внатрешна површина 87м²) во сопственост на ЈП „Исар” – Штип, заведена во Имотен лист 71290 за КО Штип 3, а опфатена со Урбанистичко планска документација – извод од план 460 – Детален Урбанистички План градски пазар, населба Автокоманда, Општина Штип, Намена на градба: Градски пазар со Одлука бр.0201-3823/1 од 16.12.1982 година за КП 5205 КО Штип 3, бр. сл – од 27.09.2023 год.
– КП 5205 КО Штип 3, дел 0, адреса ул.Сутјеска, намена на зграда – ЗГРАДИ ВО ОСТАНАТО СТОПАНСТВО влез 1, кат.ПР (внатрешна површина 43м²) во сопственост на ЈП „Исар” – Штип, заведена во Имотен лист 71290 за КО Штип 3, а опфатена со Урбанистичко планска документација – извод од план 460 – Детален Урбанистички План градски пазар, населба Автокоманда, Општина Штип, Намена на градба: Градски пазар со Одлука бр.0201-3823/1 од 16.12.1982 година за КП 5205 КО Штип 3, бр: сл – од 27.09.2023 год.
Недвижната ствар – објект кој е предмет на продажба, може да се разгледаат од страна на заинтересираните купувачи секој работен ден во период од 11.00 до 13.00 часот, со претходна најава до Комисијата за располагање со недвижни ствари и движни ствари сопственост на Општина Штип на тел. 078890166
Повеќе информации врзани за објавата може да се добијат во просториите на Општина Штип или на е-маил – mihailova.kate@live.com.
ПОЧЕТНА ЦЕНА
Почетната цена за електронското јавно наддавање за недвижната ствар – објектот е утврдена врз основа на Извештај за проценка на вредност на недвижностите кои се предмет на оваа продажба, со бр.17-3689/1 од 17.6.2024 година изработен од страна на овластен проценител и согласно Одлука бр. 08-4014/1 од 27.6.2024 година донесена од Совет на Општина Штип истата изнесува:
Деловен простор (87м²+43м²) = 14.680.311 денари
НАПОМЕНА: Нотарските трошоци за солемнизација на договорот како и даночните обврски кои произлегуваат од продажбата ќе ги сноси најповолниот понудувач – избран на електронсото јавно надавње (купувачот на недвижната ствар).
РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ И НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ ЗА УЧЕСТВО
Документацијата (пријава, банкарска гаранција или Одлука на Владата на Република Северна Македонија) за учество на јавното наддавање учесниците електронски ја доставуваат најдоцна до 25.7.2024 година.
Објавата трае 19 (деветнаесет) дена почнувајќи од 25.7.2024 год.(ден) заклучно со до 12.8.2024 год.
Документите се прикачуваат електронски на софтверот/интернет страницата www.e-stvari.mk.
Подносителите на пријави кои доставиле комплетни пријави за учество на јавното наддавање согласно со објавата, на денот на спроведување на јавното наддавање се регистрираат со корисничкото име и шифра за учество на јавното наддавање, по што имаат право на учество на јавното наддавање.
Подносителите на пријавите кои што нема да бидат комплетирани со овие докази нема да учествуваат во наддавањето за што ќе бидат известени по електронски пат.
Јавното електронско наддавање ќе се одржи на интернет страницата www.e-stvari.mk
ДАТУМ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Јавното наддавање за продажба на недвижните ствари – објект, ќе се изврши електронски на следната интернет адреса : www.e-stvari.mk, на ден 14.8.2024 година и тоа со почеток во 12:00 ч.
ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право на учество имаат сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои што можат да се стекнат со сопственост на недвижни ствари на територијата на Република Северна Македонија и кои што ги исполнуваат условите дадени во објавата.
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Постапката за продажба со електронско јавно наддавање ќе се спроведува преку електронски систем за јавно наддавање www.e-stvari.mk.
Пријавата за учество на јавното наддавање се поднесува електронски и треба да ги содржи сите податоци и докази кои се утврдени во објавата за електронско наддавање.
За да може да поднесе Пријава за учество заедно со доказите утврдени во објавата, секое физичко и правно лице треба претходно да се регистрира на страната www.е-stvari.mk.
Доколку понудувачот веќе учествувал во постапките по претходни објави и спроведени јавни наддавања спроведени преку овој систем, за него сеуште важат претходно автоматски доделените корисничко име и лозинка, доделени заради негово учество во претходните постапки и тоа на ниво на целиот систем (учество во постапка која ја спроведувала било која општина).
Документите потребни кон пријавата за електронското јавно наддавање се следниве:
– тековна состојба од Централен регистар на РСМ – не постара од шест месеци (за правни лица);
– извод од регистрација од соодветен регистар во државата од која доаѓа (за странски правни лица);
4 .Банкарска гаранција за сериозност во висина од 2 % од проценетата вредност на недвижната ствар, за учество на јавното наддавање. Покрај електронски во скенирана верзија на оригиналот PDF формат, банкарската гаранција за сериозност треба во оригинал да се достави до Комисијата за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Штип (преку архива на Општина Штип), на денот кога се доставува комплетната документација.
Комисијата по приемот на пријавите утврдува дали истите се доставени во определениот рок и дали се комплетирани согласно со условите во објавата по што ги известува подносителите на пријавите по електронски пат. На подносителите на пријавите кои се комплетни, Комисијата во рок од 3 (три) дена од денот на доставувањето на понудите им доставува корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, а на подносителите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека нема да учествуваат на јавното наддавање.
БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА ЗА СЕРИОЗНОСТ НА ПОНУДУВАЧОТ
Банкарската гаранција за сериозност на понудата е во висина од 2% од проценетата вредност на недвижната ствар односно изнесува: 293.606,00 денари.
Покрај електронската достава на банкарската гаранција во скенирана верзија на оригиналот PDF формат, подносителот е должен истата да ја достави и во писмена форма во оригинал на следната адреса-„Општина Штип, ул.„Васил Главинов“бр.4Б (со назнака: „За Комисијата за располагање на недвижни и движни ствари на Општина Штип – Јавна објава бр.02/2024).“ – со назнака „НЕ ОТВАРАЈ”.
Недоставувањето на банкарската гаранција во писмена форма на наведената адреса ја прави пријавата непотполна и истата ќе биде одбиена.
Банкарската гаранција треба да биде издадена во македонска валута, од банка која што работи и врши банкарски активности во Република Северна Македонија, а времетраењето на банкарската гаранција треба да изнесува најмалку 60 дена, сметано од денот утврден како краен рок за поднесување на пријавата.
Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на јавното наддавање, му се враќа на подносителот на пријавата во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање, а банкарската гаранција на најповолниот понудувач му се враќа во рок од 15 дена од уплатата на вкупната сума постигната на јавното наддавање.
Најповолниот понудувач, во рок од 15 дена од денот на приемот на писменото известување за избор на најповолен понудувач, е должен да ги уплати средствата, на сметка 300080000013030 на Комерцијална банка Штип, со цел на дознака „Купопродажба на недвижност – ЈП „Исар” Штип“ во согласност со постигнатата крајна цена на јавното наддавање, во спротивно, нема да се пристапи кон склучување на договор, а банкарската гаранција за сериозност на понудата ќе биде активирана а понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметните недвижни и движни ствари.
НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА НАДДАВАЊЕТО
Јавното наддавање ќе се одржи доколку учесниците ги исполнуваат условите дадени во објавата. Јавното наддавање ќе се одржи, доколку по објавата се пријавил и само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во објавата и ја прифати почетната цена.Јавното наддавање започнува со објавување на вкупната почетна цена на недвижната ствар и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.
Во првите пет минути од јавното наддавање учесниците можат да ја прифатат, односно зголемуваат цената на недвижната ствар. Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во објавата, при што доколку во истекот на последните две минути од определеното време за траење на јавното наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда.
Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда.
Доколку во првите пет минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда од учесникот на јавното наддавање, вредноста на недвижната ствар се намалува за 2% по што учесниците на јавното наддавање повторно ќе имаат можност да ја прифатат, односно зголемуваат цената на недвижната ствар без притоа да се ограничува минималниот чекор на зголемување. Доколку во истекот на последните две минути од вторите пет минути од јавното наддавање од страна на учесниците е прифатена понудата, односно дадена е повисока понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема дадено нова понуда. Доколку во времетраење од пет минути повторно нема понуда, вредноста на недвижната ствар повторно се намалува за 2% од првичната проценета вредност.
Намалувањето на вредноста на недвижната ствар во текот на наддавањето, доколку станува збор за објава по првпат може да биде најмногу до 30% од проценетата вредност без разлика колку понудувачи се јавиле на јавното наддавање.
Намалувањето на вредноста на недвижната ствар во текот на наддавањето, доколку станува збор за објава по вторпат може да биде најмногу до 30%, доколку на јавното наддавање се пријавил само еден заинтересиран учесник, а доколку се пријавиле двајца или повеќе учесници, намалувањето на вредноста на недвижната ствар може да биде до најмногу 50% од проценетата вредност.
За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена која претставува највисока цена за продажба на недвижната ствар.
Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на јавното наддавање.
Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од денот на завршувањето на јавното наддавање е должен да ги уплати средствата на сметка на ЈП „Исар” Штип во согласност со постигнатата крајна цена, а доколку не ги уплати во овој рок нема да се пристапи кон склучување на договор, банкарската гаранција ќе биде активирана, а понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметните недвижни и движни ствари.
По доставено писмено известување за избор на најповолен понудувач најповолниот понудувач/купувачот по изготвена фактура е должен да изврши уплата на постигнатата цена на недвижната ствар во рок од 15 (петнаесет) работни дена, ќе се склучи договор за продажба на недвижната ствар. По склучувањето на договорот купувачот во рок од 30 дена истиот го доставува кај нотар заради вршење на солемнизација. Нотарските трошоци и данокот на промет се обврска на најповолниот понудувач/купувачот.
Учесниците имаат право на приговор само по однос на постапката на јавното електронско наддавање, во рок од три дена од одржувањето на јавното електронско наддавање до Комисијата, која одлучува по приговорот со Решение во рок од пет дена од приемот на приговорот. Против ова Решение на Комисијата може да се изјави жалба до Државната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
Комисија за располагање со недвижни
и движни ствари на Општина Штип
1.Лазар Хаџи-Николов, претседател
2.Катерина Мицевска, член
3.Ане Опашинов, член