Врз основа на членовите 46, 47,48 и 49 и 67 став (1) од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр.78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18, 101/2019, 275/2019 и бр.122/21) и Одлуката на Управниот одбор на ЈП „Исар“ Штип бр.02-1696 од 27.9.2023 година и Одлуката на Советот на Општина Штип за давање согласност на Одлуката за отуѓување на движни ствари по пат на продажба, во сопственост на ЈП „Исар“ Штип, Бр.08-6911/1 од 3.11.2023 година („Службен гласник на Општина Штип бр.14“), Комисијата за недвижни и движни ствари при Општина Штип, во име и за сметка на на ЈП „Исар“ Штип дава
ЈАВНА ОБЈАВА бр.03/2024
за продажба на движни ствари– транспортни средства (Расходувани основни средства по предлог на пописна комисија) во сопственост на ЈП „ИСАР“- Штип во име и за сметка на ЈП „Исар“- Штип
(објава по прв пат)
Бр. 09-4567/1
24.7.2024 година
Предмет на електронско јавно наддавањее: Продажба на движни ствари-транспортни средства (Расходувани основни средства по предлог на пописна комисија) во сопственост на ЈП „Исар“ Штип во име и за сметка на ЈП „Исар“ Штип, со податоци согласно Извештај за процена на пазарна вредност на транспортни средства (Расходувани основни средства по предлог на пописна комисија) Бр.22-23/9 од 15.9.2023 година, Трговец поединец ПРОЦЕНА ПЛУС ТП Штип седиште ул.„Ванчо Прке“ бр.8 Штип со Лиценца број 0098-Т од 30.04.2013 година:
Ред.
број |
Марка на расходувано транспортно
возило |
Тежина на празно
возило |
Цена на отпадно
Железо во кг |
Проценета пазарна
вкупна вредност на расходувано транспортно средство
|
1 | Југо Корал | 830 | 13 | 10.790 |
2 | Mitsubishi Canter HD 75 | 3700 | 13 | 48.100 |
3 | FAP Mercedes 1213/42KK | 5750 | 13 | 74.750 |
4 | MAN 10.186LC34 | 5520 | 13 | 71.760 |
5 | Трактор со тркала | 1440 | 13 | 18.720 |
6 | Трактор со кабина ИМТ | 1440 | 13 | 18.720 |
7 | FAP 1921 VK | 8550 | 13 | 111.150 |
8 | Katerpilar Keson | 4650 | 13 | 60.450 |
9 | T1-Трактор со тркала | 1440 | 13 | 18.720 |
вкупно | 433.160 | |||
Сите документи, односно доказите кои е потребно да се достават, понудувачот ги прикачува во системот http://www.e-stvari.mk/, во скенирана копија на оригиналот во PDF формат и тоа:
Времетраење на банкарската гаранција: Банкарската гаранција треба да биде со времетраење од најмалку 60 дена.
Во случај на прекин/мирување на постапката, Општина Штип може да побара од понудувачот во определен рок да ја продолжи важноста на банкарската гаранција. Доколку понудувачот не ја продолжи важноста на банкарската гаранција, неговата пријава ќе биде отфрлена како неприфатлива и несериозна, без разлика во која фаза на постапката се наоѓа понудувачот како учесник во постапката.
Понудувачот е должен до крајниот рок за поднесување на понуди/пријави определен во оваа објава, банкарската гаранција за сериозност на понудатада ја достави во писмена форма во оригинал по пошта или лично во архивата на Општина Штип на адресата: Општина Штип ул.„Васил Главинов“ бр.4Б Штип, (со назнака:„ За Комисијата за располагање на недвижни и движни ствари на Општина Штип – Јавна објава бр.02/2024 со назнака „НЕ ОТВАРАЈ“, а истата треба да ја прикачи во скенирана форма во пдф формат и на електронскиот систем заедно со поднесување на пријавата за учество со останатите потребни документи. Банкарската гаранција треба да биде издадена во македонска валута одбанка која работи и врши банкарски активности во Република Северна Македонија. Банкарската гаранција за сериозност на понудата му се враќа на подносителот на пријавата во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање, а банкарската гаранција на најповолнионт понудувач му се враќа во рок од 15 дена од денот на уплатата на вкупната сума постигната на јавното наддавање.
– избраниот најповолен понудувач во рок од 15 дена од денот на приемот на писменото известување за избор не ја уплати понудената последна цена на електронското јавно наддавање,
– избраниот најповолен понудувач нема да го склучи договорот за продажба,
– избраниот најповолен понудувач одбие или не достави нова банкарска гаранција со која го продолжува времетраењето на претходната гаранција доставена од понудувачот во постапката.
Во случај на наплата на банкарската гаранција понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметните движни ствари.
Важно:
– За правно лице се доставува писмен доказ издаден од надлежен орган/институција дека е регистриран како правно лице – Тековна состојба, документот го издава Централен регистар на РСМ, документот да не е постар од 6 (шест) месеци сметано наназад од крајниот рок за поднесување на понуди/пријави,
Напомена: Пријавите кои што нема да бидат комплетирани со овие докази нема да учествуваат во наддавањето за што ќе бидат известени по електронски пат. Образецот на пријавата (понудата), Образецот на Изјавата со која понудувачот изјавува дека ги прифаќа условите дадени во објавата и Образецот на Изјавата за користење на лични податоци може да се преземат од интернет страницата http://www.e-stvari.mk/ со објавата на Општина Штип.
Документацијата (пријава, банкарска гаранција или Одлука на Владата на Република Северна Македонија) за учество на јавното наддавање учесниците електронски ја доставуваат најдоцна до 25.7.2024 година.
Објавата трае 19 (деветнаесет) дена почнувајќи од 25.7.2024 год.(ден) заклучно со до 12.8.2024 год.
Документите се прикачуваат електронски на софтверот/интернет страницата www.e-stvari.mk.
Подносителите на пријави кои доставиле комплетни пријави за учество на јавното наддавање согласно со објавата, на денот на спроведување на јавното наддавање се регистрираат со корисничкото име и шифра за учество на јавното наддавање, по што имаат право на учество на јавното наддавање.
Подносителите на пријавите кои што нема да бидат комплетирани со овие докази нема да учествуваат во наддавањето за што ќе бидат известени по електронски пат.
Јавното електронско наддавање ќе се одржи на интернет страницата www.e-stvari.mk
Почетната цена на движната ствар предмет на продажба е дадена во табеларниот преглед во точката I на оваа Објава.
Јавното наддавање за продажба на недвижните ствари – објект, ќе се изврши електронски на следната интернет адреса : www.e-stvari.mk, на ден 14.8.2024 година и тоа со почеток во 11:00 ч.
Постапката за електронско јавно наддавање ја спроведува Комисијата за недвижни и движни ствари при Општина Штип. Комисијата по приемот на пријавите утврдува дали се доставени во определениот рок и дали се комплетирани согласно со условите во објавата по што ги известува подносителите на пријавите по електронски пат. Нa подносителите на пријавите кои се комплетни, комисијата им доставува корисничко име и шифра за учеството на јавното наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека нема да учествуваат на јавното наддавање. Подносителите кои доставиле комплетни пријави за учество на јавното наддавање на денот на спроведувањето на јавното наддавање се регистрираат на интернет страницата наведена во оваа објава со корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање по што имаат право на учество на јавното наддавање.
Јавното наддавање ќе се одржи доколку учесниците ги исполнуваат условите дадени во објавата. Јавното наддавање ќе се одржи, доколку по објавата се пријавил и само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во објавата и ја прифати почетната цена. Јавното наддавање започнува со објавување на вкупната почетна цена на предметите за продажба и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците. Во првите пет минути од јавното наддавање учесниците можат да ја прифатат, односно зголемуваат цената на движните ствари предмет на продажба. Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во објавата, при што доколку во истекот на последните две минути од определеното време за траење на јавното наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда. Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две (2) минути има нова понуда.
Доколку во првите пет минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда од учесникот на јавното наддавање, вредноста на предметот на продажба се намалува за 2 % по што учесниците на јавното наддавање повторно ќе имаат можност да ја прифатат односно зголемуваат цената без притоа да се ограничува минималниот чекор на зголемување. Доколку во истекот на последните две минути од вторите пет минути од јавното наддавање од страна на учесниците е прифатена понудата, односно дадена е повисока понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема дадено нова понуда. Доколку во времетраење од пет минути повторно нема понуда, вредноста на предметот на продажба повторно се намалува за 2 % од првичната проценета вредност.
Намалувањето на вредноста на движната ствар во текот на наддавањето, доколку станува збор за објава по прв пат може да биде најмногу до 30 % од проценетата вредност без разлика колку понудувачи се јавиле на јавното наддавање.
Намалувањето на вредноста на движната ствар во текот на наддавањето, доколку станува збор за објава по вторпат може да биде најмногу до 30%, доколку на јавното наддавање се пријавил само еден заинтересиран учесник, а доколку се пријавиле двајца или повеќе учесници, намалувањето на вредноста на движната ствар може да биде до најмногу 50% од проценетата вредност.
За најповолен понудувач се смета учесникот во јавното наддавање кој понудил последна цена која претставува највисока цена за движната ствар.
По завршувањето на јавното наддавање Комисијата изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на електронското јавно наддавање.
Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 дена од приемот на писменото известување за избор да ги уплати средствата кој ги понудил на електронското јавно наддавање на сметката на ЈП „Исар“ Штип 300080000013030 на Комерцијална банка Штип со цел на дознака „Купопродажба на движни ствари (Расходувани основни средства по предлог на пописна комисија) “ согласно понудената конечна цена за предметната движна ствар, а доколку не ги уплати средствата во овој рок нема да се пристапи кон склучување на договор и банкарската гаранција ќе му биде активирана, а исто така понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно наддавање за предметните движни ствари.
По завршувањето на постапката за јавно наддавање, со најповолниот понудувач, во рок од 15 /петнаесет/ работни дена по извршената уплата на понудената цена, Директорот на ЈП „Исар“ Штип ќе склучи договор за продажба во писмена форма согласно одредбите од Законот за облигационите односи кој особено ги содржи основните елементи: страни на договорот, предмет на договорот, податоци за предметот на продажба, обврска на понудувачот за плаќање на нотарските трошоци и обврски на договорните страни и др.
По склучувањето на договорот понудувачот, а подоцна во својство на купувач по склучениот договор во рок од 30 дена истиот го доставува кај нотар заради вршење на солемнизација.Трошоците за солемнизацијата ги плаќа понудувачот-купувачот, односно учесникот кој на јавното наддавање понудил највисока цена движната ствар и со кој се склучува договорот за продажба.
Договорниот орган го задржува правото да направи измена и/или дополнување на оваа објава.
Учесниците на јавното наддавање имаат право на приговор само по однос на постапката на јавното електронско наддавање, во рок од 3 (три) дена од одржувањето на јавното наддавање до Комисијата која одлучува по приговорот со решение во рок од 5 (пет) дена од приемот на приговорот. Против решението на Комисијата може да се изјави жалба до Државната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
Повеќе информации врзани за објавата може да се добијат во просториите на Општина Штип, ул. „Васил Главинов бр.4Б“ Штип, или на е-маил – mihailova.kate@live.com
КОМИСИЈА ЗА РАСПОЛАГАЊЕ СО
НАДВИЖНИ И ДВИЖНИ СТВАРИ НА ОПШТИНА ШТИП 1.Лазар Хаџи-Николов-претседател 2.Катерина Мицевска-член 3.Ане Опашинов-член |