

Врз основа на донесен Заклучок на УО на ЈП Исар Штип бр.02-1465/2 од 28.10.2025 год., ЈП Исар Штип на ден 31.10.2025 год. објавува
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ЗАКУП
НА ПРОСТОР НАМЕНЕТ ЗА НАПЛАТЕН ЦЕНТАР НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ
ЈП Исар Штип, објавува Јавен повик за прибирање на понуди за закуп на празен простор во населба Сењак во Штип.
Простор ќе биде наменет за Наплатен центар на ЈП Исар Штип во нас.Сењак и истиот потребно е да ги задоволува следните услови:
Во понудата потребно е да бидат наведени :
Постапката по Јавниот повик во однос на најповолни услови за работа опишани во Јавниот повик како и понуден износ на месечна закупнина, ќе се реализира со разгледување на понудите и изготвување на листа од страна на Комисијата формирана од страна на ВД Директорот на ЈП Исар Штип.
ЈП Исар Штип го задржува правото да изврши увид во понудениот простор кој ги исполнува условите од овој повик.
По завршување на постапката за избор, по добиена согласност од УО на ЈП Исар Штип, со најповолниот понудувач ќе биде склучен Договор за закуп на неопределено време, согласно позитивните законски прописи во Република Северна Македонија.
Уредно полнетите понуди потребно е да се достават на следната адреса:
-За ЈП Исар Штип, ул.Г.М.Апостолски бр. 37 Штип, со назнака “за простор наменет за наплатен центар во населба Сењак ” или да се достават преку архива на ЈП Исар Штип која се наоѓа во управната зграда на ЈП Исар Штип.
Пнудата за учество може да се преземе од веб страната на ЈП Исар Штип, која е прилог на овој повик.
Понудите потребно е да бидат испратени заклучно со 04.11.2025 год.
ЈП Исар Штип
ВД Директор
Александар Арсовски
ПОПОЛНЕТЕ ЈА ПРИЈАВАТА ДОЛУ,ЗА УЧЕСТВО НА ОГЛАСОТ