

Врз основа на член 30 став 1 алинеја 2, став 3 и став 5 , член 48 и член 49 од Законот за административни службеници ( Службен весник на република Македонија бр.27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.275/2019, 14/2020, 215/2021, 99/2022 ), Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесувањето на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас ( Службен весник на република Северна Македонија бр.259/2024 ), Правилникот за систематизација на работните места во ЈП Исар Штип бр.01-1895/2 од 16.11.2016 год., Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ЈП Исар штип заведен под арх.бр.01-840 од 24.06.2025 год. , ВД Директорот на ЈП Исар Штип објавува:
ИНТЕРЕН ОГЛАС број 01/2026
за пополнување на работно место со унапредување на административен службеник
ЈП “Исар” Штип објавува интерен оглас за унапредување на административен службеник за следното работно место :
– Број на извршители: 1 (еден) извршител;
Општи услови:
Посебни услови:
Посебни работни компетенции:
Општи работни компетенции:
Распоред на работно време:
Паричен износ на нето плата:
На интерниот оглас може да се јави административен јавен службеник вработен во ЈП ИСАР Штип, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работните места пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работните места во ЈП Исар Штип, како и:
– да е оценет со оценка “А” или “Б” при последното оценување на кое бил оценуван;
– да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас;
– да поминал најмалку две години на исто ниво;
– да не му била изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавување на интерниот оглас;
Кон пријавата кандидатите можат да приложат и :
Кандидатите потребно е да поднесат писмено пополнета пријава заедно со потребните документи преку архивата на ЈП Исар Штип до Одделение за човечки ресурси, како и до службената електронска адреса info@jpisar.com.mk , во рок од 5 ( пет ) дена од денот на објавувањето на интерниот оглас.
Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.
Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата или за кој се утврди дека внел лажни податоци ќе биде дисквалификуван од натаможната постапка по овој оглас.
Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледување.
ЈП “Исар” Штип
ВД Директор
Александар Арсовски
———————-