
Врз основа на член 4, 22, 23, 23а, 24, 25, 26, 27, 28, 29 и член 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр. 78/15, 106/15, 153/15,190/16, 21/18,101/19, 275/19, 122/21, и 193/25), Закон за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.07/02) и Закон за општата управна постапка („Службен весник на РМ“ бр. 124/2015 и 65/2018) – Комисијата за располагање со недвижни и движни ствари сопственост на Општина Штип во постапка по Јавна Објава бр.07/2026 на 20.10.2026 година донесе,
Р Е Ш Е Н И Е
Се уважува приговор 09-3769/13 од 21.7.2026 година, поднесен од Симо Костов и приговор 09-3769/12 од 21.7.2026 година, поднесен од Дејан Костов.
Се Врши повторување на постапката за електронско Јавно наддавање – по втор пат, по Јавна објава бр.07/2026 за продажба на недвижен имот во сопственост на ЈП„Исар“-Штип.
Повтореното електронско јавно наддавње ќе се изврши на 4.11.2026 година во 09.00 часот, со почетна цена 14.634.290 денари.
Образложение
По повтореното спроведено електронско јавно наддавање на 20.7.2026 согласно Решение 09-3769/9 од 13.7.2026 донесено од Комисија за располагање со недвижни и движни ствари на Општина Штип, вложени се приговори 09-3769/13 од 21.7.2026 година, поднесен од Симо Костов и приговор 09-3769/12 од 21.7.2026 година, поднесен од Дејан Костов кои укажуваат на неправилности во системот за време и во текот на електронското јавно наддавање на 20.7.2026.
Комисија за располагање со недвижни и движни ствари на Општина Штип од причина што нема ниту пристап ниту увид во системот кој го спроведува јавното наддавање го превзема генерираниот записник од системот согласно законските прописи и во истиот тој записник 09-3769/14 од 21.7 2026 констатира дека во повтореното електронско наддавање не е избран најповолен понудувач, впрочем како што стои и во системот за спроведување на електронско јавно наддавање и истиот го доставува до станките во постапката со Извесување 09-3769/16 и 09-3769/15 од 21.7.2026 согласно законските прописи.
Имајќи ги во предвид вложените приговори Општина Штип се обраќа до ЗЕЛС со Приговор 09-3769/14 од 21.7.2026, со барање да се преиспитаат причините за ваквиот исход на електронското јавно наддавање по спроведената аукција, по кое ЗЕЛС со Одговор на барање 09-3769/17 од 4.9.2026 доставува Извештај 07-573/3 од 26.9.2026 година, од правното лице „Интелегента“ Доо Скопје , кое според ЗЕЛС е одговорно за оддржувањето на информацискиот систем за спроведување на елктронските постапки за јавно наддавање и во кој се вели дека аукцијата имала успешен тек и дека во системот немоало никакви технички проблеми.
По вложените дополнувања на приговори од странките 09-3769/19 и 09-3769/18 од 9.9.2026 година, Комисија за располагање со недвижни и движни ствари на Општина Штип се обрати до ЗЕЛС со конкретни прашања за текот на постапката со Барање 09-3769/20 од 15.10.2026 година.
На 19.10.2026 во Општина Штип пристигна Одговор на Барање 09-3769/21 од страна на ЗЕЛС во врска со барањето за појаснување и поставените конкретни прашања од Комисијата на Општина Штип, во кое во прилог е доставен Извештај 07-573/7 од 9.10.2026, од истото правното лице „Интелегента“ Доо Скопје , кое според ЗЕЛС е одговорно за оддржувањето на информацискиот систем за спроведување на елктронските постапки за јавно наддавање и во кој се вели дека текот на спроведената постапка имала технички проблеми и багови точно како што тврдат странките во приговрите и дека истите се решени и поправени.
Од причини што Комисијата за располагање со недвижни и движни ствари на Општина Штип како и Општина Штип немаат ниту увид ниту пристап до информацискиот систем кој ги спроведува постапките, а во исто време согласно Законските прописи е одговорна за постапување во таквите постапки, не останува ништо друго освен врз основа на ваквиот Извештај 07-573/7 од 09.10.2026 да ги уважи приговорите поднесени од странките и да одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Под овие околности и во склад со важечките законски прописи за правилно спроведување на постапката по Јавна Објава бр.07/2026 следува одлука како во диспозитивот на ова решение.
Правна поука: Странките имаат право на жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 3 дена од приемот на ова решение.
Комисија за располагање со недвижни и движни ствари на Општина Штип