
Врз основа на членовите 46, 47,48 и 49 и 67 став (1) од Законот за користење и
располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18,
101/2019, 275/2019, бр.122/21 и 193/2025) и Одлуката на Управниот одбор на ЈП „Исар“ Штип
бр. 02-603/2 од 08.05.2026 година и Одлуката на Советот на Општина Штип за давање
согласност на Одлуката за отуѓување на движни ствари по пат на продажба, во сопственост на
ЈП „Исар“ Штип, Бр. 08 – 4430/1 од 19.06.2026 година, Комисијата за недвижни и движни
ствари при Општина Штип, во име и за сметка на на ЈП „ Исар“ Штип дава
ЈАВНА ОБЈАВА БР.09/2026
ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ДВИЖНИ СТВАРИ
ПО ПАТ НА ПРОДАЖБА ВО СОПСТВЕНОСТ НА ЈП „ИСАР“ ШТИП
(објава по втор пат)
I. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНО ЕЛЕКТРОНСКО НАДДАВАЊЕ
Предмет на електронско јавно наддавање: Продажба на движни ствари во сопственост на ЈП
„Исар” – Штип, и тоа:
– товарно возило MAZ, година на производство 1999 со рег.ознака ST 813 ВВ, бр. на шасија
Y3M533700X0036436
– товарно возило MERCEDES, година на производство 1991 со рег.ознака ST 336 ВF, бр. на
шасија WDB65442215594732
– товарно возило DAF, година на производство 1998 со рег.ознака ST 625 ВM, бр. на шасија
XLRAG75PC0E473931
– Булдожер TG-110
– контејнери 1/1 м3 -209 броја
– контејнери 5/1 м3- 12 броја
Согласно Извештај за процена на пазарна вредност на транспортни средства бр.03-546
од 24.04.2026 година , изготвен од ТП ПРОЦЕНА ПЛУС Штип Проценувач Глигор Ивановски, во
кој вкупната проценета пазарна вредност на движните ствари изнесува вкупно 714.000,оо
денари,
Почетната цена за електронското јавно наддавање претставува вкупната проценета
пазарна вредност на движните ствари и истата изнесува 714.000,оо денари.
Секое заинтересирано лице може да побара да направи увид на предметите на продажба
по претходно закажување на тел. 078 890166 секој работен ден од 11.00 до 14.00 часот, а
повеќе имформации за објавата може да се добијат на е-маил mihailova.kate@live.com
Понудувачот може да поднесе понуда/пријава за учество во постапката за предметот на
продажба на начин и во согласност со условите од оваа објава.
II. ПРАВО НА УЧЕСТВО: Право на учество имаат сите заинтересирани домашни и странски
физички и правни лица кои можат да се стекнат со сопственост на движни ствари на
територија на Република Северна Македонија согласно со закон и кои ги исполнуваат
условите дадени во објавата, подетално утврдени во точка III. Услови за учество во
електронско јавно наддавање.
III. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ: За учество во
електронското јавно наддавање заинтересираните учесници електронски поднесуваат
Пријава (понуда) која треба да ги содржи сите податоци и докази-прилог документи
2
утврдени во Објавата за електронско јавно наддавање. За да може да поднесе пријава
за учество заедно со доказите утврдени со објавата, секое заинтересирано физичко или
правно лице треба претходно да се регистрира на интернет страницата: http://www.e-
stvari.mk/. Електронското јавно наддавање се врши преку електронскиот систем за
јавно наддавање со кој управува и оперира Министерството за финансии –Управа за
имотно правни работи.
IV. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ/ ДОКАЗИ ЗА УЧЕСТВО
Сите документи, односно доказите кои е потребно да се достават, понудувачот ги
прикачува во системот http://www.e-stvari.mk/, во скенирана копија на оригиналот во
PDF формат и тоа:
1. Пријава (понуда) за учество на јавното наддавање со наведување/означување на
бројот на објавата –лично потпишана од учесникот (одговорното лице) или од него
овластено лице со прилог овластување за потпишување, (која содржи податоци за
подносителот на пријавата: назив на правното лице/ име и презиме на физичкото
лице кое е подносител на понудата/пријавата за учество, адреса/седиште/живеалиште,
EДБ и ЕМБС за правни лица/ЕМБГ за физички лица, телефон за контакт, моб.телефон,
лице за контакт, податоци за одговорно лице –име и презиме (управител), банка во
која е депонент и жиро сметка/трансакциска сметка во банката, задолжително
напишана e–mail адреса на подносителот на пријавата преку која ќе му бидат
испратени корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање,
2. Банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 2% од вкупната
проценета вредност на предметот на продажба.
Подносителот на понудата/пријавата за учество задолжително доставува
банкарска гаранција во висина од 2% од вкупната проценета вредност на предметот и
тоа во износ од 14.280 денари.
Времетраење на банкарската гаранција: Банкарската гаранција треба да биде со
времетраење до 26.2.2027 година.
Во случај на прекин/мирување на постапката, Општина Штип може да побара од
понудувачот во определен рок да ја продолжи важноста на банкарската гаранција. Доколку
понудувачот не ја продолжи важноста на банкарската гаранција, неговата пријава ќе биде
отфрлена како неприфатлива и несериозна, без разлика во која фаза на постапката се наоѓа
понудувачот како учесник во постапката.
Понудувачот е должен до крајниот рок за поднесување на понуди/пријави определен во
оваа објава, банкарската гаранција за сериозност на понудатада ја достави во писмена
форма во оригинал по пошта или лично во архивата на Општина Штип на адресата:
Општина Штип ул.„Васил Главинов“ бр.4Б Штип, (со назнака: „За Комисијата за
располагање на недвижни и движни ствари на Општина Штип – Јавна објава бр.09/2026 со
назнака „НЕ ОТВАРАЈ“, а истата треба да ја прикачи и во скенирана форма во пдф формат и
на електронскиот систем http://www.e-stvari.mk/ заедно со поднесување на пријавата за
учество со останатите потребни документи.
Банкарската гаранција треба да биде издадена во македонска валута од банка која работи
и врши банкарски активности во Република Северна Македонија. Банкарската гаранција за
сериозност на понудата му се враќа на најповолниот понудувач во рок од 15 дена од денот на
уплатата на вкупната сума постигната на јавното наддавање.
Банкарската гаранција за сериозност на понудата ќе се наплати доколку:
– избраниот најповолен понудувач во рок од 15 дена од денот на приемот на
писменото известување за избор не ја уплати понудената последна цена на
електронското јавно наддавање,
3
– избраниот најповолен понудувач нема да го склучи договорот за продажба,
– избраниот најповолен понудувач одбие или не достави нова банкарска гаранција со
која го продолжува времетраењето на претходната гаранција доставена од
понудувачот во постапката.
Во случај на наплата на банкарската гаранција понудувачот во период од една година
нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметните движни
ствари.
Важно:
Секоја пријава/понуда која не содржи гаранција за сериозност на понуда или содржи
гаранција за сериозност на понудата која не е во согласност со условите од објавата, ќе
биде отфрлена и понудувачот нема да учествува на електронското јавно наддавање.
Недоставувањето на банкарска гаранција во писмена оригинална форма до Општина
Штип ја прави пријавата неприфатлива и истата ќе биде одбиена, односно понудувачот
нема да учествува на електронското јавно наддвавање .
3. Доказ за идентитет: Подносителот на пријавата кон пријавата задолжително
доставува:
– За правно лице се доставува писмен доказ издаден од надлежен
орган/институција дека е регистриран како правно лице – Тековна состојба,
документот го издава Централен регистар на РСМ, документот да не е постар од
6 (шест) месеци сметано наназад од крајниот рок за поднесување на
понуди/пријави,
– За физичко лице доставува фотокопија од лична карта на понудувачот.
– Изјава со која понудувачот изјавува дека ги прифаќа условите дадени во
објавата,
– Изјава за користење на лични податоци.
Напомена: Пријавите кои што нема да бидат комплетирани со овие докази нема да
учествуваат во наддавањето за што ќе бидат известени по електронски пат.
V. РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ И НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ ЗА УЧЕСТВО
Документацијата (пријава, банкарска гаранција или Одлука на Владата на Република
Северна Македонија) за учество на јавното наддавање учесниците електронски ја доставуваат
на 28.9.2026 година до архивата-писарница на Општина Штип најдоцна до 14.30 часот.
Документите се прикачуваат електронски на софтверот/интернет страницата www.e-
stvari.mk.
Подносителите на пријави кои доставиле комплетни пријави за учество на јавното
наддавање согласно со објавата, на денот на спроведување на јавното наддавање се
регистрираат со корисничкото име и шифра за учество на јавното наддавање, по што имаат
право на учество на јавното наддавање.
Подносителите на пријавите кои што нема да бидат комплетирани со овие докази нема да
учествуваат во наддавањето за што ќе бидат известени по електронски пат.
Јавното електронско наддавање ќе се одржи на интернет страницата www.e-stvari.mk
VI. ПОЧЕТНА ЦЕНА
Почетната цена на движните ствари предмет на продажба е 714.000 денари
4
VII. ДАТУМ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Јавното наддавање за продажба на недвижните ствари – објект, ќе се изврши
електронски на следната интернет адреса : www.e-stvari.mk, на ден 1.10.2026 година и
тоа со почеток во 9:00 ч.
VIII. НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО
НАДДАВАЊЕ
Постапката за електронско јавно наддавање ја спроведува Комисијата за недвижни и
движни ствари при Општина Штип. Комисијата по приемот на пријавите утврдува дали се
доставени во определениот рок и дали се комплетирани согласно со условите во објавата по
што ги известува подносителите на пријавите по електронски пат. Нa подносителите на
пријавите кои се комплетни, комисијата им доставува корисничко име и шифра за учеството на
јавното наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна
документација им доставува известување со образложение дека нема да учествуваат на
јавното наддавање. Подносителите кои доставиле комплетни пријави за учество на јавното
наддавање на денот на спроведувањето на јавното наддавање се регистрираат на интернет
страницата наведена во оваа објава со корисничко име и шифра за учество на јавното
наддавање по што имаат право на учество на јавното наддавање.
Јавното наддавање ќе се одржи доколку учесниците ги исполнуваат условите дадени
во објавата. Јавното наддавање ќе се одржи, доколку по објавата се пријавил и само еден
учесник кој ги исполнува условите дадени во објавата и ја прифати почетната цена. Јавното
наддавање започнува со објавување на вкупната почетна цена на предметите за продажба и
се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците. Во првите пет минути од јавното
наддавање учесниците можат да ја прифатат, односно зголемуваат цената на движните ствари
предмет на продажба. Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на
времето определено во објавата, при што доколку во истекот на последните две минути од
определеното време за траење на јавното наддавање од страна на учесниците е дадена
понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути,
а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда. Јавното
наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две (2) минути има
нова понуда.
Доколку во првите пет минути од јавното наддавање не е прифатена понудата,
односно не е дадена повисока понуда од учесникот на јавното наддавање, вредноста на
предметот на продажба се намалува за 2 % по што учесниците на јавното наддавање повторно
ќе имаат можност да ја прифатат односно зголемуваат цената без притоа да се ограничува
минималниот чекор на зголемување. Доколку во истекот на последните две минути од вторите
пет минути од јавното наддавање од страна на учесниците е прифатена понудата, односно
дадена е повисока понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува
за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема дадено нова
понуда. Доколку во времетраење од пет минути повторно нема понуда, вредноста на
предметот на продажба повторно се намалува за 2 % од првичната проценета вредност.
Намалувањето на вредноста на движната ствар во текот на наддавањето, доколку
станува збор за објава по прв пат може да биде најмногу до 30 % од проценетата вредност без
разлика колку понудувачи се јавиле на јавното наддавање.
Намалувањето на вредноста на движната ствар во текот на наддавањето, доколку
станува збор за објава по вторпат може да биде најмногу до 30%, доколку на јавното
наддавање се пријавил само еден заинтересиран учесник, а доколку се пријавиле двајца или
повеќе учесници, намалувањето на вредноста на движната ствар може да биде до најмногу
50% од проценетата вредност.
5
За најповолен понудувач се смета учесникот во јавното наддавање кој понудил
последна цена која претставува највисока цена за движната ствар.
По завршувањето на јавното наддавање Комисијата изготвува записник за
спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на електронското јавно
наддавање.
Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 дена од приемот на писменото
известување за избор да ги уплати средствата кој ги понудил на електронското јавно
наддавање на сметката на ЈП „Исар“ Штип 300080000013030 на Комерцијална банка Штип со
цел на дознака „Продажба на движни ствари во сопственост на ЈП ,,Исар” , а доколку не ги
уплати средствата во овој рок нема да се пристапи кон склучување на договор и банкарската
гаранција ќе му биде активирана, а исто така понудувачот во период од една година нема да
може да учествува на секое идно наддавање за предметните ствари.
По завршувањето на постапката за јавно наддавање, со најповолниот понудувач, во
рок од 15 /петнаесет/ работни дена по извршената уплата на понудената цена, Директорот
на ЈП „Исар“ Штип ќе склучи договор за продажба во писмена форма согласно одредбите од
Законот за облигационите односи кој особено ги содржи основните елементи: страни на
договорот, предмет на договорот, податоци за предметот на продажба, обврска на
понудувачот за плаќање на нотарските трошоци и обврски на договорните страни и др.
По склучувањето на договорот понудувачот, а подоцна во својство на купувач по
склучениот договор во рок од 30 дена истиот го доставува кај нотар заради вршење на
солемнизација.Трошоците за солемнизацијата ги плаќа понудувачот – купувачот, односно
учесникот кој на јавното наддавање понудил највисока цена движната ствар и со кој се
склучува договорот за продажба.
Договорниот орган го задржува правото да направи измена и/или дополнување на оваа
објава.
IX. ПРАВНА ЗАШТИТА
Учесниците на јавното наддавање имаат право на приговор само по однос на постапката на јавното
електронско наддавање, во рок од 3 (три) дена од одржувањето на јавното наддавање до Комисијата
која одлучува по приговорот со решение во рок од 5 (пет) дена од приемот на приговорот. Против
решението на Комисијата може да се изјави жалба до Државната Комисија за одлучување во управна
постапка и постапка од работен однос во втор степен.
X. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Повеќе информации врзани за објавата може да се добијат во просториите на Општина Штип,
ул. „Васил Главинов бр.4Б“ Штип, или на е-маил – mihailova.kate@live.com
КОМИСИЈА ЗА РАСПОЛАГАЊЕ СО
НАДВИЖНИ И ДВИЖНИ СТВАРИ
НА ОПШТИНА ШТИП
1 Катерина Мицевска.– претседател
2.Валентина Даскалова-член
3.Ане Опашинов-член